На последната седница на советот на Општина Битола расправа предизвика 16-тата точка, решение за разрешување на претседателот на управниот одбор на ЈП „Нискоградба“ Битола. Причината за ова е неговото именување за в.д дирекрот на ЈП„Водовод“.
Неспоивоста на функциите за Илиевски од СДСМ беше причина да се врати на едно друго време, кога нив им беше оспорена одлуката за разрешувања на членови во управни одбори и надзорни одбори, а што не ја потпишал градоначалникот Коњаносвки, со објаснување оти имало само разрешување, а не и именување.
На ова Бојкоски возврати дека состојбата не е иста, а и имало измени на законот, па му забележа на Илиевски дека изгледа не ги прочитал во Службениот весник, а за тоа на што тој се повикува тогаш се уште важел стариот закон.
Ова беше причина за уште еднаш Илиевски да се повика на законот велејќи дека во овој изборен процес не можело тоа да се случи со промена на законите, а на него реплицираше советнкот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓоргиевски повторно прашувајќи го за ако тој беше избран за пратеник, а е и раководител во институција, дали функцијата е споива или не? И повторно праша оти не си поднел оставка од раководната функција или од советничкото место кога го ставиле на листата.












