Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека се подготвува ембарго за руската нафта на ниво на Европската унија, додавајќи дека и францускиот претседател Емануел Макрон го сака овој потег.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин е закочен откако беа откриени масовните убиства на цивили во неколку градови во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва ќе го пренасочи извозот на енергија кон исток, а додека Европа се обидува да ја намали зависноста од руските енергенси, Путин возвраќа дека европските држави нема да можат веднаш да се откажат од рускиот гас, иако се чини дека ја отвора вратата за плаќање на гас во евра.
Прашањето дали да се воведе ембарго на руската нафта ја вознемирува Европа.
Германија е особено зависна од рускиот гас бидејќи 50 отсто од гасот доаѓа од Русија.
Германските работодавци и синдикати соопштија дека се загрижени оти се пристапува недоволно внимателно во воведувањето санкции, создавањето соодветен притисок и спречувањето штета на економиите што воведуваат санкции.












