ТЕРА

REKLAMA???

ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ВОЕНА ПОМОШ ОД ШПАНИЈА ЗА УКРАИНА

Шпанија годинава ќе и обезбеди на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Најважно е брзо да и помогнеме на Украина да се одбрани, рече Санчез на прес-конференција.

– Сакаме да испратиме порака до Украина, меѓународната заедница и Путин дека ќе стоиме покрај Украина се додека е потребно за да се обезбеди нејзината слобода, територијален интегритет и суверенитет, додаде тој.

Зеленски денеска е во својата прва посета на Шпанија откако Русија ја почна инвазијата врз Украина пред 824 дена.

Украинската армија се соочува со руска офанзива во источниот регион Харков, па Зеленски бара од западните сојузници дополнително оружје.

Украина во исто време продолжува со бомбардирања на внатрешноста на Русија, при што денеска загина едно лице, а тројца се ранети.

– Русија сака да не уништи, рече Зеленски и се заблагодари на Шпанија за помошта.

МИА