Маглата и загадениот воздух ја вжештија линијата на Итната медицинска помош во Битола. Енормно е зголемен бројот на пациенти со вирусни инфекции, вели др.Васе Николовска.

„За време на новогодишните празници во нашата ургентна амбуланта енормно е зголемен бројот на пациенти со вирусни инфекции. Поради тоа сакам да напоменам кај пациентите кои имаат вирусни инфекции меѓутоа во поблага форма, а тука спаѓаат пациенти коишто имаат солзење на очите, течење на носот, главоболка, кивање, кашлање, и температура од 38 или 38,5 степени, поповолно е да бидат дома, да си земат лесна храна, витамински напитоци, течности, топол чај и да си земат нешто за намалување на телесната температура. Тоа го кажувам затоа што доаѓањето на таквите пациенти коишто имаат благи вирусни инфекции можи да дојди до суперинфекција, односно до накалемување на друга инфекција. Меѓутоа ако пациентите забележат дека имаат тешко дишење, продолжени кашлици, тешки главоболки веднаш можат да се јават во нашата служба ние работиме 24/7. Најчесто вирусните инфекции се должат на загадениот воздух, сега е време на новогодишни празници, има поголема раздвиженост, луѓето се собираат во затворен и отворен простор, па најверојатно е тоа причината“, рече д-р.Васе Николовска од Итната медицинска помош во Битола.
Благо зголемување на интервенциите има и на терен со вообичаена патологија. Др. Николовска упати упати апел до сите граѓани, но начесто до ризичната група, а тука спаѓаат хронично болните, односно пациенти кои имаат проблеми со хроничен бронхит и бронхијална астма , пациенти кои имаат проблеми со срцето и варијабилен крвен притисок, како и пациентите над 65 години, бремените жени и децата под 5 години.
„Сите овие групи на пациенти препорачливо е кога е маглата густа и воздухот загаден да не излегуваат да не излегуваат ако немаат потреба. Во случај ако излегуваат да си стават заштитна маска. Хроничните болни обавезно да си ја земаат терапијата. Што се однесува до исхраната, затоа што сме во тек на новогодишните празнувања, да се избегнува масна храна и алкохолни пијалоци, повеќе да се јади попосна храна, овошје, зеленчук, салати“, рече др.Николовска.
Граѓаните велат дека излегуваат од дома по потреба и главно ги почитуваат советите од лекарите.
Според информацијата од метеоролозите и во наредните денови ќе бидеме обвиткани во магла.












