ТЕРА

REKLAMA???

ЕРА ТРЕТА МАКЕДОНСКА ЈА НАЗНАЧИ ИЗВРШНАТА СТРУКТУРА ВО СКОПЈЕ

Политичкото Движење Македонска Ера Тета / Македонски Независни Листи – Суверенисти ја назначи новота Извршна Структура за Град Скопје. За Претседател на Извршната Структура е избран македонскиот ликовен уметник, стрип илустратор и политички аналитичар Маријан Камиловски, соопштија од движењето.

„Во рамките на зајакнувањето и создавањето на тимови за Македонија на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти  со стручен, квалитетен, чесен и чист кадар за конечно Македонија да ја смени праксата на форсирање на послушен и аминџиски кадар, во тек е селекција на најквалитетниот кадар за сите останати скопски општини.

Како нов и квалитетн кадар на кои единствената цел им е спроведувањето на Третата Ера – ослободувањето на Македонија, со цел воведување на новиот систем за управување и раководење на Македонија во корист на македонскиот народ и на сите лојални жители на татковината, се прифатени следните личности:

Данче Наумовска Пауновска – психолог, психотерапевт и економски аналитичар од Скопје;

Донка Даскалоска – магистар по финансиски маркетинг од Вевчани;

Даниела Чакалоска – дипломиран економист, надворешен економски маркетинг и човечки ресурси  од Скопје;

Цонка Саламанова Димовска – пензионер;

Андреј Минчевски – инструктор по нуркање;

Горан Андонов – Бизнисмен од Скопје

Во тек е зацврстувањето со дополнителен кадар и на сите општински структури низ цела Македонија“ стои во соопштенето од Ера Трета Македонска.