„Делегацијата на ЕУ се уште не е официјално информирана од општината за одлуката на Советот. Откако ќе се добијат официјални информации и став, делегацијата на ЕУ ќе донесе одлука врз основа на правилата и постапката за договорите за грант“ вака одговорија од Делегацијата на Европската унија во Скопје на нашето прашање за иднината на проектот.
Од Делегацијата побаравме став по однос на тоа како и дали во иднина ќе можат да се користата средствата од пероектот Smart4you2, со оглад на тоа што на последната седница на Советот на Општина Битола, не помина одлуката за пренамена на средства и кофинансирање на проектот за велосипедските патеки, од проектот за реконструкција на поранешниот објект „Парк“.












