ТЕРА

REKLAMA???

ЗАКАНИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ ВО УЧИЛИШТА ВО КАВАДАРЦИ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сенеска околу 7 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите.

Градоначалникот на Кавадарци Митко јанчев на својот фејзбук профил напиша:

„Денес по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта, евакуирани се учениците и тоа од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов’’ Кавадарци, С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров” и С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко’’.

Освен училиштата, во село Марена евакуирани се и сите од градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни“ стои во неговата објава.