ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНАА РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЧНА МРЕЖА ВО СЕЛО ЕГРИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вчера изврши увид на почетокот на работните активности за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци во селото Егри.

Улиците ќе бидат асфалтирани во должина од 1370 метри, за што општина Битола инвестира 6.400.224 денари.

Од општината велат дека Проектот се реализира по барање на жителите на селото Егри, кои изразија голема благодарност до градоначалникот, што нивното барање за подобра инфраструктура, наиде на слух кај локалната самоуправа и како што беше неодамна најавено веќе се работи на терен.