Македонската православна црква Охридска Архиепископија, Преспанско-Пелагониската Епархија и манастирот „Св. Јован Претеча“-Слепче од денеска попладне ја започнаа канонизацијата на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Прославата за впишувањето на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите започна попладнево со вечерна богослужба во манастирската црква „Св. Јован Претеча“ во Слепче и последен Парастос за Светителката.

Објавувањето на одлуката на светиот архиерејски синод на македонската православна црква – охридска архиепископија ќе се одржи утре во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“во Битола.

На Канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида присуствуваат високи црковнодостојници на МПЦ-ОА и на СПЦ, свештенослужители, како и на голем број високи црковни делегации од странство, монаштво и верен народ.















