Битолски „Водовод“ информира дека утре 17.04.2022 (недела), заради поправка на дефект на улица „Кирил и Методиј“, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на ул. „Кирил и Методиј“ на потегот од зградата на “Т мобиле до ул. “29ти Ноември” и потегот на ул. “11ти Октомври” од црквата Св. Димитрија до ул. “Кирил и Методиј”.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.












