Најмалку едно лице загина синоќа во Венецуела додека безбедносните сили се обидуваа да ги разбијат протестите предизвикани од жестоко спорниот изборен резултат што му даде трет мандат на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти невладина организација.
Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо синоќа изјави дека има резултати од гласањето на околу 73,2 отсто од избирачките места на претседателските избори во неделата во Венецуела.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека опозицијата се обидува да изврши „пуч“ по спорните избори.
„Тие се обидуваат во Венецуела повторно да извршат државен удар од фашистички и контрареволуционерен карактер“, рече Мадуро на настан во Националниот изборен совет (ЦНЕ), кој го прогласи за победник на изборите одржани еден ден претходно. Опозицијата прогласи победа на претседателските избори и не го признава неговиот реизбор за нов шестгодишен мандат.
Владата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Венецуела за изборна манипулација и репресија и рече дека тврдењето на Каракас дека претседателот Николас Мадуро добил трет мандат е лишено од „секаков кредибилитет“.
МИА












