ТЕРА

REKLAMA???

ЗАРИНА ПРВАСЕВДА ДЕЛ ОД ГОДИНЕШНИОТ ОФФ ФЕСТ

Зарина Првасевда беше дел , за прв пат, од дваесет и второто издание на Офф-фест во Македонската опера и балет.Три фантастични женски вокали ги одбележаа првите две вечери на 22. „Оф-фест“ откривајќи го својот специфичен музички израз, емоции и културно наследство што го носат во себе.

Посебен предизвик е можноста да се слушнат мелодии, песни и звуци од различни предели низ светот, да се дознае и открие нешто ново и да се спознае среќата, радоста, некогаш и тагата и меланхолијата на музичари со различен бекграунд.

Сентименталната вокалистка Мизија изворно го пренесе звукот на португалското фадо. Емотивната Мари Калкун ни ја откри и ни ја доближи традицијата на естонската музика.  Традицијата на земјата од која потекнува е длабоко втисната и во песните и изведбата на Зарина Првасевда, која беше македонски претставник во програмата на „Оф-фест“ заедно со нејзината група.

Зарина Првасевда, во изминатите две-три години е неизбежно име на домашните музички настани.Минатата година го издаде својот деби албум за хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“, кој содржи 11 традиционални песни на четири јазици.Претставувајќи ја втората изведувачка, Зарина Првасевда, од „ОФФ- Фест“ истакнаа дека македонската уметница својот сопствен израз, на граница меѓу автентичност и пренесување на културно наследство, го пронаоѓа во својот деби албум „Ехо“.

Фестивалот годинава го сочинуваа осум концертни настапи и еден документарен филм.