Денеска на седница на Советот на општина Битола се најдоа програмите за работа на јавните претпријатија за следната година.

Во програмата на ЈП „Паркинзи“ има планови за нови паркинг решенија. Како што на говорницата рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Златко Петковски, ќе се уредува паркинг просторот пред спортската сала во Битола, потоа нов паркинг простор од затворен вид, со уредување на околината кај некогашното ЈАТ и паркинг простот од отворен тип кај улицата Цане Василев, од каде што беа остранети исто така нелегално поставени објекти.

Советникот од СДСМ, Петар Николовски зборуваше за новите цени кои се во планот за разгледување за наредната година. Вели дека и тие секогаш се да им се излезе во пресрет на граѓаните и тоа би го разбрале за зоната Б и Ц, бидејќи тие не се во строгиот центар на градот, но рече дека не можат да сфатат за општина која сака да биде еколошка општина, да стимулира паркирање во строгиот центар на градот.












