За петнаесетина дена девет пријави в полиција за каснување од кучиња скитници. Така стои во билтенот на полицијата. Последните два случаи се од вчера.
На 31.10.2023 во СВР Битола 59 годишна битолчанка пријавила дека во населба „Карпош” во Битола била касната од куче скитник. На 31.10.2023 во СВР Битола 66 годишен битолчанец пријавил дека на ул.„Гоце Делчев” во населбата Гинимаале бил каснат од куче скитник.
На 29.10.2023 во СВР Битола, 61 годишен битолчанец пријавил дека на ул.„Милтон Манаки“ во Битола бил каснат од куче скитник. На 27.10.2023 во СВР Битола 27 годишен битолчанец пријавил дека на ул.„Прилепска“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 24.10.2023 во СВР Битола 64 годишен битолчанец пријавил дека во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 24.10.2023 во СВР Битола 43 годишен битолчанец пријавил дека во Битола бил каснат од куче скитник. На 23.10.2023 во СВР Битола 52 годишен битолчанец пријавил дека на ул. „Игњат Атанасовски“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 18.10.2023 во СВР Битола, 38 годишна битолчанка пријавила дека на ул.„Партизанска“ во Битола, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. На 18.10.2023 во СВР Битола, 80 годишен битолчанец пријавил дека во населба „Карпош“ во Битола бил каснат од куче скитник.
Кон крајот на април беше соопштено дека продолжува заловувањето и стручниот третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територија на Општина Битола. Тогаш беа опфатени неколку локации со најава за продолжување на акциите и на други места.
Последните неколку месеци евидентно беше дека низ улиците немаше кучиња скитници како пред повеќе месеци, кога ситуацијата беше повеќе од алармантна.












