Точно напладне за прв пат на платото на Офицерскиот дом во Битола се одржа „Битолски квадрил“. Учениците танцуваа. Заедно со упатените ги вежбаа чекорите и почнаа да танцуваат.

Настанот го организираше Културно информативниот центар од Битола во соработка со Спорсткиот тацов клуп СТЕП АП од Битола по повод 1 јуни Денот на детето.

„Денес го одбравме токму овај ден за да покажеме дека децата сите треба да бидат опфатени во образовниот процес, бидејќи основното образование е едно од основните човекови права и од основните детски права, а со самото тоа децата стануваат дел од тој образовен процес го остваруваат и своето базично основно право. Токму поради тоа преку овај „Битолски квадрил“ даваме две пораки, едната е дека секое дете треба да биде вклучено во процесот на образование, затоа ги вклучивме основните и средните училишта, меѓутоа исто така на некој начин ја одбележуваме традицијата и културата бидејќи секое дете има право и на култура. Преку „Битолскиот квадрил“ ги вклучуваме во одбележување на различни културни настани и исто така бидејќи знаеме дека во Битола многу се зборува за баловите кои што се организирале тука во Офицерскиот дом, па на некој начин сакаме од најмали нозе да научат како се играл тој квадрил и колкава дисциплина треба да се поседува за да се учествува во еден бал“, рече Лили Бошевска, директор во КИЦ Битола.

Планот им е овај „Битолски квадрил“ да прерасне во традиција.
Во овај „Битолски квадрил“ беа вклучени ученици од основните и средните училишта од градот.












