ТЕРА

REKLAMA???

ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ФИНАНСИСКА ПОМОШ ОД 5000 ДЕНАРИ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР

Пред две години на предлог на градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски и со одлука на Советот на општина Могила обезбедија финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила.

Предходната година ја сумата беше зголемена на 4000 денари.  А сега за новата учебна година, како што соопшти Саботковски, ја зголемуваат финансиската помош на 5000 денари.

„Овој проект има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче. Воедно ќе обезбедиме финансиска помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети“ вели градоначалникот на Могила.