Мили дечиња,
Мечо по повод новата школска година одлучи да ви подари бесплатни возења на сите кои ќе сакате да ги искористите.
Бесплатни денови за возење со вашиот Мечо ќе бидат 11.09. и 25.09.

Вака денеска објавуваат од ЈППЈЛП „Паркинзи“, по големиот интерес на првиот училишен ден кој во Битола започна со многу подароци од комуналните јавни претпријатија. Најголема турканица сепак беше околу „Мечо“-малото вовче коешто засега е единствена атракција од ваков вид во градот.

„Мечо“ е типичен градски патен воз. Општински е, функционира во рамките на комуналното јавно претпријатие за паркинзи и на Битола му дава уште една мала доза европски шмек. Во основа е туристички „воз“ наменет да биде привлечно сладок и забавен, вели Зоран Михајловски, директор на Паркинзи. Не треба да биде голем трошок, и да е постојано функционален. На прашањето од ТЕРА како поминаа ова лето, Михајловски вели „Ова лето како и секое друго, одлично поминавме“ , и продолжи со одговорот за комерцијалниот ефект, рече „Цената за едно кругче е 50 денари, но многи поголем е емотивниот ефект кај оние што припаѓаат кон него, па комерцијалниот ефект тука би го тргнал настрана, иако „Мечо“ си работи и си ги покрива своите трошоци.“

Многу европски градови имаат мали туристички возови кадешто ги собира и возрасните, и наменети се за градски труи или превоз на туристи до културните и историски атрактивни места кои често се дел од туристичките тури. Самото возење е дел од туристичкото искуство, се минува и гледа повеќе од градот без вените да попуштат и за покусо време. Анализите на ЕУ Раил, Турист Трејн, Д-пак Треин, велат дека вовчињата како Мечо наш ја намалува потребата на туристите да возат низ градовите, оти кога се во градот најчесто се загинати, и придонесува во намалување на сообраќајниот метеж. Единствената негативна карактеристика е т.н сезонски карактер. Но и тоа се надминува.

„Сезоната ја определуваат годишните времиња. Го затвораме за работа кога времето е врнежливо, тоа и во летниот период кога е врнежливо не работи затоа што е отворен и кога температурите се ниски. И самата побарувачка за возење тохаш видливо опаѓа. А секогаш кога ќе се стабилизираат временските услови во пролет, тогаш „Мечо“ е повторно тука да ги радува битолчанчињата. Во зима се враќаме пак назад еден одреден период за време на Зимска Приказна, и во тој амбиент „Мечо“ придонесува зимската приказна да биде тоа што е. “- вели Михајловски.

Позитивни примери за европски вовчиња има многу – угорницата на МонМартр во Париз нема кој не го задишала – се користи парискиот „Мечо“, во Прага од Карловиот мост до отворениот дел на ѕидината по угорнина – се користи прашкиот „Мечо“, Во Салзбург, за да одите од стариот град до замокот – се користи салзбуршкиот „Мечо“ и во турата има и неколку музички локации поврзани со Моцарт кои се помалку познати. Во Фиренца, „мечо„ вози од централното градско подрачје, до туристичките атракции и нема проблем да се вртка по тесните улички. Дури и таму анализите на експертите покажале дека од воведувањето на вовчето се зголемил бројот на повозрасни странски туристи кои кога ќе стигнат на одредницата, во сувенирниците трошат повеќе пари.

Овие и други позитивни европски примери од градови налик на Битола – старо градско јадро со тесни сокаци и автомобили паркирани од сите страни, со слаба сообраќајна мрежа надвор од градот- му се познати на Михајловски, кој веќе до Општината доставил различни предлози за слични атракции кои не само што ќе го поддржиат туристичкиот развој во градот, туку и во претпријатието ќе овозможи додадена вредност. Ама не откри и покрај упорното прашување. Рече, ќе биде за сите возрасти, за целиот град.


Инаку, аналитичарите бројат повеќе придобивки од фактот дека градовите имаат мали вовчиња наменети за туристи, ама и други исти. Во земјите со плажи – има тури за до сите плажи, во Малага, Шпанија вози низ историскиот центар, пристаништето, музеите, има мулти-јазичен водич и е дел од комбинирани билети со други атракции. Вовчињата кои се типични градски превозни автобуси ја овозможуваат понудата на туристички пакет од местата што сакаме туристите да ги посетат – тури кои треба да се надградуваат, со нови музеи, галерии, ресторани или кафулиња.
















