За утре во 12:00 часот е закажана вонредна седница на Советот на Општината Битола со почеток во 12.00 часот.
Во информацијата до медиумите на седницата ќе се најде Одлуката за согласност и конфинансирање на проектот за изработка на техничка документација за „Реконструкција на каскадите и слапишта како и дел од општествените речни ѕидови на реката Драгор на потегот од мост на Индустриски пат се до 500 метри над Црн Мост“, потоа прогрмата за измена и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2023 година и Заклучок за усвојување на Извештајот на општинската Комисија за проценување на штети од елементарни непогоди во општина Битола настанати од невремето – град и поплави на ден 27.05.2022 година.












