ТЕРА

REKLAMA???

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ПОЗОРНИКАРИ- БАРААТ ГРАЃАНИТЕ

Зголемување на бројот на позорникари- полицајци побарале вчера битолчани од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во СВР Битола функционира позорникарската служба,но проблем е што немаме доволен број на полициски службеници, вели Спасовски и додава дека состојбата се подобрува.  

„Едно од клучните барања е враќање на позорната служба, добро е тоа што СВР Битола почна навреме на враќање на овие пријатели полицајци, но проблем е тоа што немаме доволен број на полициски службеници. Состојбата се подобрува, имаме кандидати кои што се на обука и кои ќе се вратат и ќе бидат во Битола. Задоволен сум затоа што граѓаните даваат предлози кои ние со огромно внимание ги слушаме, а ние стануваме видливи и граѓаните тоа го препознаваат“, рече министерот Спасовски

Како што информиравме вчера министерот Спасовски ја посети Битола во рамки на проектот „Отворен Кабинет”, каде на непосредни средби со граѓаните ги слушна нивните идеи и предлози кои одат во прилог на подобрување на безбедносната состојба во заедницата.

„Задоволен сум затоа што голем број граѓани побараа да се видат и да поразговараат. Тоа е и суштината на проектот, затоа што не сите граѓани имаат можност да се видат со највисокото раководство на МВР. За пофалба е тоа што граѓаните на Битола не дојдоа за личен проблем, малку дојдоа, само двајца за личен проблем. Другите дојдоа за општо добро на сите граѓани, разговаравме за безбедноста во сообраќајот, не пофалија дека има поголемо присуство на терен на полицијата. Сето тоа создава перцепција дека безбедносната состојба е многу подобрена, а констатираа дека нема селективност во постапувањето. За одбележување е големото намалување на нарушувањето на јавниот ред и мир. Проблем останува сообраќајот главната работа, и имаше идеи и предлози што може да се подобри во делот на управните работи, издавање одобренија итн“, рече Спасовски.

Тој го пофали вчера Секторот за внатрешни работи-Битола и рече дека е еден од подобрите во државата. Од моментот откако сум министер СВР Битола бележи напредок и добри резултати, потенцираше Спасовски.