На седницата на Комисијата за финансии и буџет на Советот на Општина Битола се најде и точката за давање согласност на Одлуката за зголемување на бруто пресметковните бодови за платата на вработените во ЈП „Комуналец“ Битола.
Пред членовите на комисијата барањето го образложи директорот на ова јавно претпријатие Горан Степановски, кој рече дека согласно измената на минималната плата, јавното претпријатие со одлука на Управниот обдор ги зголемува бруто пресметковните бодови започнувајќи со платата за месец март 2024 година, односно 339 бруто пресметковни бодови за секој вработен дополнително.
Оваа точка следната недела ќе се најде и на пленарната седница на Советот.












