ТЕРА

REKLAMA???

ЗДРУЖЕНИЕТО ЌЕ ЈА ПЛАТИ РАЗЛИКАТА ВО ЦЕНАТА ЗА ДОСТАВА НА ОГРЕВНОТО ДРВО

Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола под претседателство на Даница Петличкова на денешната седница расправаше за активностостите што се одвиваа во изминатиот период.

Се донесе и одлука Здружението на пензонери да ја исплати разликата во цената на огревните дрва, која настана од енормното зголемување на нафтата и нафтените деривати , како и другите трошоци за утовар растовар на дрвата . Се со цел да им се помогни на пензионерите испораката на дрва  да се врши континуирано и навремено, согласно договорениот рок до крајот на септември огревното дрво да стигни на нивна адреса .

На седницата претседателката Даница Петличкова информираше дека во (Сл. Весник на РМ 134 13.06.2022 ), Одлуката за времено определување на задршката за солидарен фонд –посмртна помош.чланарина и висината на исплатата на посмртната помош се менува  и гласи:

Висината на посмртната помош што се исплатува на членовите на семејствата на починат пензионер изнесува 30.000 денари, почнувајќи од исплатата на јулската пензија , за сите пристигнати барања за исплата на посмртна помош до денот на влегување во сила на оваа одлука.

На примателите на посмртна помош на кои им е исплатена посмртна помош од 25.000 денари, почнувајки од исплатата на јулската пензија ќе им се доплати разликата од 5.000 денари, според редоследот на поднесено барање и во зависност од расположивите средста, најмалку на 1000 приматели месечно.

Доплатата на разликата од став 1 на овој член Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ќе го врши по службена должност.

Донесена е одлука во село Породин, кое припаѓа на месниот  огранокот  на пензионери на Бистрица, да биде отворен куб за пензионерите во простор кој го отспапува без надоместок жител на село Породин.

Во рамките на своите хуманитарни акции Здружението нма пензионери им додели средства на Лигата за борба против рак кои ќе бидат искористени за автобуски превоз  за  еднодневна екскурзија. Финансиска подршка беше доделе на пензионерка за подмирување на на дел од средствата за издавање книга ,, Збирка на поезија“. При тоа, стана збор во догледно време да се одржи поетска вечер на која ќе настапат пензионери литературни творци, а со тоа да се поттикни творечката дејност на пензионерите.