ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ ИМАЛ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО КИЕВ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа во Киев, информираше неговиот портпарол Сергиј Никифоров,  наведувајќи дека Зеленски бил прегледан од лекар кој не констатирал сериозни повреди.

На самото место му била укажана помош на возачот на автомобилот кој налетал на колоната во која се наоѓало возилото на претседателот. Никифоров рече дека полицијата врши увид за околностите на сообраќајната несреќа, не наведувајќи детали.