Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше ФИФА дека наводно одбиле да ја прикажат неговата видео порака пред финалето на Светското првенство.
Во своето ноќно обраќање Зеленски рече дека ФИФА го „запрела“ неговиот говор пред финалниот натпревар во Катар, но додаде дека „светот сепак го слушна нашиот повик“.
Вчера, украинското Министерство за надворешни работи сподели видео порака и додаде „не плашете се дека светот ќе ги слушне зборовите на мирот“. Во претходно снимената порака, претседателот Зеленски му честиташе на светот за „прославата на човечката победа“ и побара од сојузниците да ја поддржат неговата земја, пренесува Sky News.












