ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ: 50 ДЕНА ОД НАШАТА ОДБРАНА Е ДОСТИГНУВАЊЕ

„Педесет дена од нашата одбрана е достигнување. Достигнување на милиони Украинци. Секој што ја донесе главната одлука во животот на 24 февруари – да се бори. Да се ​​биде човек. Да не се откажува. И да не изневерува“, посочи Зеленски во своето обраќање до Украинците додавајќи оти Украина е најхрабра земја, а украинскиот народ е неуништив.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата администрација размислува да испрати високи американски претставници во Украина.

Тој, исто така, рече дека е подготвен и тој да оди во Украина.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им е „искрено благодарен“ на САД за новата рунда воена помош од 800 милиони долари.

Гувернерот на украинската област Харков, Олех Синјехубов, соопшти дека при денешното руско гранатирање на градот Харков загинале четворица цивили, а уште 10 се ранети.

Властите во областа Луганск на истокот на земјата ги повика жителите на таа област да се евакуираат.

На својот канал Телеграм, тој апелираше до луѓето да се евакуираат и да „изберат живот“, откако рече дека едно лице загинало, а пет се ранети за време на руското гранатирање во градот Кремина.

Русија и Украина ја спроведоа четвртата размена на затвореници, изјави заменик-премиерката на Украина, Ирина Верешчук.

„Ослободени се петмина офицери и 17 војници, како и осум цивили, меѓу кои и една жена. Вкупно 30 наши граѓани денеска си одат дома“, рече таа.

Детали за тоа колку руски затвореници се ослободени во размената не биле веднаш достапни, а Русија допрва треба да ја потврди размената.