Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентрално подрачје Битола-Лерин.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 21 часот и 59 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.3 степени и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.












