ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС КАЈ ПЕХЧЕВО ОД 2,9 СТЕПЕНИ СПОРЕД РИХТЕР

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 24.08.2022 година регистрираше земјотрес 115 км источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 7 часот и 34 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.9 степени и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, Земјотресот беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.