Силна арктичка зимска бура се пробива низ САД и делови од Канада носејќи со себе многу ниски температури и одложување на летови во пресрет на најпрометните денови за авиосообраќајот за време на Божик.

Повеќе од 100 милиони луѓе ширум САД се под тревога поради метеоролошките услови, а се очекува снежната бура да предизвика сообраќаен хаос токму за претстојниот празничен викенд. Големите аеродроми веќе ги откажаа летовите во пресрет на невремето.

Метеоролозите прогнозираат дека студениот бран на Американците може да им го донесе и најстудениот Божик во последните неколку децении. Дури и топлата Флорида се предвидува да го дочека својот најстуден Божиќ во изминатите 30 години.

Националната метеоролошка служба соопшти дека до крајот на оваа недела во некои делови од земјата се можни температури и до минус 45 степени целзиусови.












