ТЕРА

REKLAMA???

ИЗЛОЖБА НА МАСКИ ВО ПРИЛЕП

Во ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложба на маски изработени од учениците од основните и средните училишта, со што започнаа активностите за карневалот Прочка 2023. Изложени беа над 200 креативни маски за кои беа доделени награди. Присутните имаа можност да погледнат голем број оригинални креации на маски од вредните раце на учениците кои го продолжуваат и негуваат богатото културно наследство и  ја чуваат традицијата. Стручната комисија во состав: Методи Исков, Маја Најдовска, Анита Сотироска, во три категории  ги избра најдобрите маски: за маски изработени од ученици до 6-то одделение, во втората категорија се маски од ученици од 6 до 9-то одделение и за маски на средношколците.

Гранпри наградата ѝ беше врачена на Ивона Талевска од село Подмол за нејзината креативна и инспиративна маска изработена од природни материјали.

Изложбата на маски подготвена од учениците ја продолжува традицијата на чување и презентирање на културното наследство и претставува значаен дел од Меѓународниот карневал Прочка.