ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛ ВОСПОСТАВИЛ КОНТРОЛА НА ГРАНИЦАТА СО ПОЈАСОТ ГАЗА

Израел целосно воспостави контрола над границата со Појасот Газа, соопшти армијата. Израелската војска ги советува Палестинците од Газа да заминат за Египет.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе одржат вонреден неформален состанок посветен на „последиците од најновиот развој на настаните во Израел и во регионот“, јави дописникот на МИА од Брисел.

Најавувајќи го министерскиот состанок, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на платформата Х (Икс) наведе дека шефовите на дипломатиите на членките на Унијата ќе го разгледаат одговорот и следните чекори на ЕУ на последните случување и ќе ја преразгледаат развојната помош за палестинските територии.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа. Според него насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа повика на формирање „влада на национално единство“ откако во големата офанзива на палестинското исламистичко движење Хамас во земјата загинаа повеќе од 800 луѓе.

Висок функционер на Хамас вчера изјави дека само мал број високи команданти во Газа знаеле за големата инвазија во Израел, но дека сојузниците како Иран и либанското движење Хезболах „ќе се приклучат во битката доколку Газа биде подложена на војна на уништување“.

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт денеска изјави дека на израелска територија биле пронајдени 1.500 тела на екстремисти на Хамс, откако армијата ја врати контролата над поголемиот дел од југот на земјата.