Како одговор на кажаното од Корлевски на седницата на Советот за кварталниот извештај, советничката од ВМРО ДПМНЕ, Ленче Илиевска рече дека во овој квартал капитален проект кој што е реализиран со 12,62 проценти е изградбата на детската градинка во АРМ.
„Проект кој му е многу потребен на Битола. Тука е завршена првата фаза од проектот, а во моментот се работи и на кровната конструкција и дограма, по што ќе следува и отпочнување на втората фаза за внатрешно уредување на просторот“ рече Илиевска.
Таа зборуваше и за финализирањето на улицата покрај светонеделските гробишта, со што се реализирало долгогодишното барање на граѓаните за обезбедување на еден соодветен пристап до светонеделските гробишта.
„Асфалтирана е улицата „Крушевска Република“, односно имаме нова патна инфаструктура за подобра сообраќајна функционалност. Продолжуваат активностите за комплетна реконструкција на улицата „Солунска“, потоа имаме на „Стив Наумов“, каде е вклучена една комплетна реконструкцика на водоводна, канализациона мрежа и коловоз“ рече таа.












