На утринскиот повик на градоначалникот Коњановски за Илиевска да свика итна седница, таа со одговор.
„Читам од сабајле … градоначалникот на фб бара да се одржело седница?!
Ама не сум изненадена оти пред помалку од еден месец насилно ја “истераа” седница, па можи не знај градоначалникот која е процедурата за свикување и одржување на една седница на совет.
Срамота е на фб да се покажват јунаштини.
Да ви беше гајле за Битола и за проектите денес низ град ќе имаше нови камиони за ѓубре, видлив нов парк “по димензиите од проектот”, нови паркинг места и уреден простор секаде кај шо се турнаа гаражите, немаше да вработвате по список од партија, немаше да делите пари на роднини и пријатели, немаше да ви смета шо има три независни советници кои една и пол година ве молеа да работите и со кои заради “кучињата низ град” се скаравте.
Да ви беше гајле за Битола немаше да потрошите 40 милиони за култура, а низ градот една нова канта и клупа нема клаено или шо би рекол колегата Иван Чулакоски дури фекалии течат по улици ние играме и пејме.
Никој не ви смета да работите, со тајни договори заради лични интереси на секоја седница “наоѓавте чаре” да ви помини нешто.
Освен сликање и пеење во Офицерски друго ништо нема видливо во градо.
А кога сме кај сериозноста, да ја имавте, немаше да си играте со довербата која ја добивте од битолчани.
И не ги замарајте луѓето со вашата неспособност за соработка, ние сите сме избрани за да работиме за доброто на битолчани, за жал Вие одбравте да работите за лични интереси на неколкумина“ вели претседателката на Советот, Габриела Илиевска.













