ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: ВМРО ДПМНЕ БЕШЕ И ОСТАНА ПАРТИЈА НА КРИМИНАЛЦИ

Од прес конференција во партиската централа во Скопје, советникот од СДСМ од Советот на Општина Битола, Методија Илиевски, ги повика Јавното обвинителство и Комисијата за заштита од корупција да го истражат случајот со поклонот од 325.000 евра за Јанушев.

„Волкот го менува влакното, но не и карактерот. ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на граѓаните.

Џабе се понадеваа граѓаните, кои во огромен број го гласаа ВМРО-ДПМНЕ, дека можеби ова е некое ново, променето ВМРО-ДПМНЕ. Така лажеше Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е само обична криминална група, која ги злоупотребува чуствата на граѓаните да се докопа до власт, за потоа да може да тера како најдобро што знае, богатејќи се на нивниот грб.

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е еклатантен пример на вечен криминалец во политиката. Човекот кој беше осуден за 5 милионски криминал во ЈСП, денес е прв човек во Владата после Мицкоски. И што може да се очекува од осуден криминалец освен да продолжи онаму каде што застанал.

Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медимите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на поклон градежно земјиште во сред Центар во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика“ рече меѓу другото Илиевски.