Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред, меѓу другите точки, се утврдување на предлог-одлуки за именување на генерален секретар и заменик на генералниот секретар на Собранието на Македонија.
Генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски поднеле оставки на своите функции на 1 јули.
Пратениците ќе разгледуваат и барања за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Владата.












