Вчера во Битола беа измерени 38 степени.
Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер кој во западните делови ќе е западен, а вдолж Повардарието северозападен.
Во североисточните делови од средината на денот ќе има услови за краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. Во Битола утринската 17, а дневната до 38 степени.
УВ индексот 10.












