ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА БИТОЛА ВО МАГЛА

Утрово -4 степени во Берово, -3 Прилеп, Виница, -2 Битола, -1 Тетово, Штип, Куманово, 0 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, Гевгелија, 1 Крива Паланка, Дебар, Дојран, Лазарополе, 2 Охрид, 3 Маврови Анови, 6 Попова Шапка, Крушево.

Во поголем дел од земјава во текот на ноќта преовладуваше ведро време, по котлините и долж Повардарието (Скопје, Куманово, Полог, Пелагонија, Штип, Демир Капија, Охридско-Преспанскиот регион) со појава на магла или ниска облачност со намалена видливост од 50 до 500 метри. Утрово на места има мала до умерена облачност.  

По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се намалува. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 16, а во местата со магла од 2 до 5 степени.

Во Битола до 6 степени.