Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури од 31 до 40, во Битола до 37 степени.
УВ индексот 10.
Вчера во овој регион измерени беа следните температури: 28 во Крушево, 32 во Претор, 34 во Прилеп, 35 во Битола.
Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Времето ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.












