Вчера во Битола беа измерни 36 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Битола до 37 степени.
УВ индексот 9.
Следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигнува 40°C. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено утре и во четврток кога ќе има услови за краткотрајно невреме.












