Утрово 5 степени во Лазарополе, 7 Берово, Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Охрид, Битола, Претор, Крушево, 10 Прилеп, Крива Паланка, Тетово, 11 Скопје-Петровец, Дебар, Виница, 12 Куманово, Штип, Струмица, 13 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 15 Дојран, Гевгелија.
Најмногу дожд 14 л/м2 во Скопје Петровец, 10 Битола, 6 Тополчани, 4 Прилеп, Пожаране, Крушево, 1 Скопје Зајчев Рид, Штип, Ѓуриште, Гевгелија. Маврови Анови, Претор, Демир Капија, Берово, Дебар, Виница, Попова Шапка.
Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Утрово преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Битола до 22 степена.
Фото: Илустрација












