ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ДНЕВНАТА ВО БИТОЛА ДО 24 СТЕПЕНИ

Утрово 7 степени на Попова Шапка, 8 Лазарополе, 9 Крушево, Берово, 10 Прилеп, Претор, Маврови Анови, 12 Скопје-Петровец Охрид, Крива Паланка, Демир Капија, Виница, 13 Битола, Штип, Тетово, Гевгелија, Дојран 14 Струмица, 15 Скопје-Зајчев Рид,

Најмногу дожд 24 л/м2 наврнаа во Охрид, 15 Крива Паланка, 13 Берово, Крушево, 10 Тетово, Претор, 9 Попова Шапка, 7 Прилеп, 6 Дојран, 3 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, 1 Лазарополе, Демир Капија, Струмица, Гевгелија.

Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во котлините особено на северот има ниска облачност.

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.