Утрово 7 степени во Лазарополе, 8 Попова Шапка, 9 Маврови Анови, 11 Берово, Крушево, 12 Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола, 13 Тетово, Прилеп, Виница, Дебар, 14 Куманово, 15 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 16 Штип, Демир Капија, 17 Гевгелија.
Најмногу дожд 16 л/м2 наврна во Крива Паланка, 11 Виница, 10 Берово, 9 Маврови Анови, 3 Прилеп, Попова Шапка, 2 Охрид, Струмица, 1 Штип, Лазарополе.
Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето денеска променливо облачно, од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.












