Битолски „Водовод“ информира дека во текот на утрешниот ден 25.04.2025 ( петок), поради изведба на реконструкција на приклучоци, од страна на градежната фирма “СТЕНТОН ГРАДБА”, ќе има прекин во водоснабдувањето. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Стив Наумов (потег од ул.Охридска до Булевар 1 Мај).
Прекинот ќе трае од 08:00 до 17:00 часот.
Фото: Илустрација












