ТЕРА

REKLAMA???

КАКО ПРЕМИЕРОТ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ПОСЕТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА САД

Неколкумина градоначалници од Македонија беа во студиска посета на САД. Деновиве за време на означувањето почеток на грaдежните работи за автопатот кој ќе се гради меѓу Прилеп и Битола, го прашавме премиерот Kовачевски како тој ја коментира оваа посета.

„Ја коментирам како исклучително позитивен чекор од страна на американската амбасада, која што повикала наши градоначалници, тие во континуитет тоа го прават низ годините од првиот ден на нашата независност, дури сум и среќен што тоа го прави американската влада бидејќи во САД нашите градоначалници ќе можат да се уверат за начинот на кој функционира локалната самоуправа, за начинот на кој што функционира соработката помеѓу локаната самоуправа и централната власт, а мене тоа ми е многу добро познато, бидејќи јас сум живеел во САД, знам како изгледа живот во еден град во САД, меѓутоа добро е тоа да го прават.

Интересно ми е што некои не сакаат ниту да објават дека отишле во САД, тие седат во Вашингон, а објавуваат слики како да се наоѓаат на некоја улица во Скопје. Мислам дека треба да бидат горди што се повикани во САД, во најсилната екониомија во светот, во земја која што е наш прв стратешки партнер, од земја од која што практично доаѓа изведувачот на најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава и таму имаат многу што да научат. Тоа не е држава која што функционира на блокади, туку тоа е држава која што функционира за напредок и затоа од секогаш биле најразвиена економија“ рече Ковачевски.