ТЕРА

REKLAMA???

КАРАВАНОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА БЕШЕ И ВО БИТОЛА

Викендов караванот за вакцинација во Битола. На плоштадот Магнолија граѓаните имаа можност да добијат информации за важноста од вакцинацијата, а онај што сакаше можеше да добие и вакцина за заштита од ковид 19. Тимот на здравствени работници правеше и мал превентивен преглед за заинтересираните граѓани, како мерење на крвен притисок. Медицинските лица им помагаа на лицата кои сакаат да се пријават за вакцинирање против сезонски грип. Во последниот период е намален интересот за вакцинација односно имунизација.

„Имунизацијата воопштено е во пад периодов. Се должи на повеќе работи. Се должи на тоа што во последниве две години имавме ковид пандемија каде што повеќето граѓани беа зафатени здравствено со тие проблеми  каде што има посебни препораки каде после прележување на ковид може да се прими тековната вакцина, значи заради тоа имаме пад и во школските и во предшколските вакцини, нормално и анти вакциналната кампања која што постои насекаде во светот според која треба да се бориме против неа за да ги информираме граѓаните, значи цела таа борба треба да се насочи кон правилно информирање на граѓаните и добра комуникација помеѓу здравствениот персонал и сите тие коишто се двоумат  дали вакцините делуваат или не делуваат“, рече др. Марија Димовска, од Здравствениот дом од Битола.

Во изминатите две години со ковид пандемијата Битола беше град каде што имаше висок процент на вакцинација.

Караван под слоганот „Заштитени заедно-вакцините делуваат“ го организираа Здравствениот дом од Битола  во соработка со Министерството за здравство, УНИЦЕФ, УСАИД и СЗО.