ТЕРА

REKLAMA???

„КАЈМАК“ РЕДИ НАГРАДА ПО НАГРАДА, ОВОЈПАТ НА ФЕСТИВАЛ ВО КАЛИФОРНИЈА

„Кајмак“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски ја освои наградата за најдобар филм на фестивалот „Синеквест“ во Калифорнија, САД, каде што ја имаше и американската премиера. „Синеквест“ оваа година го имаше своето 33-то издание, е еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни уметнички дела.

Ова е втора награда за три дена за „Кајмак“ откако претходно освои специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмските критичари од Европа и Медитеранот) на фестивалот во Херцег Нови, Црна Гора. Светскиот продажен агент „Левел К“ од Копенхаген го пласира „Кајмак“ и во Австралија, каде што набргу ќе почне прикажувањето. Инаку, „Кајмак“ е еден од македонските филмови, кои имаат најширок пласман во светот.

Овој месец „Кајмак“ ќе биде прикажан на уште три фестивали: i-Fest во Калабрија, Италија, каде што ќе бидe прикажанa и ретроспектива на опусот на Манчевски, „Балкан панорама“ во Измир, Турција, и Avant&Una во Бихаќ, Босна и Херцеговина, а фестивалскиот живот ќе го продолжи и во текот на есента.

„Кајмак“ минатата година беше најгледан филм во Македонија.