ТЕРА

REKLAMA???

КИНА НА СРБИЈА И ИСПОРАЧАЛА ПРОТИВВОЗДУШЕН СИСТЕМ

Кина во полутајна операција ѝ испорачала на руската сојузничка Србија софистициран кинески противвоздушен систем, пишува американската агенција Асошиејтед прес додавајќи дека ова се случува среде загриженоста на Западот дека трупањето оружје на Балканот во време на војна во Украина би можело да го загрози кревкиот мир во регионот, пишува порталот МКД.мк.

Асошиејтед прес пренесува дека медиумски и воени експерти кажале дека шест транспортни авиони на кинеските воздухопловни сили Y-20 слетале на белградскиот цивилен аеродром рано наутро во саботата, наводно носејќи ракетни системи земја-воздух HQ-22 за српската војска и дека кинеските товарни авиони со воени ознаки се фотографирани на белградскиот аеродром Никола Тесла.

Американската агенција пишува дека ваква испорака на оружје преку териториите на најмалку две земји членки на НАТО, експертите ја гледаат како демонстрација на растечкиот глобален досег на Кина.

Медиумите јавуаваат дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди испораката на системот со среден дострел, договорен во 2019 година, велејќи дека ќе ја претстави „најновата гордост“ на српската армија во вторник или среда.

Претходно, тој се пожали дека земјите од НАТО, кои го сочинуваат најголемиот дел од соседите на Србија, одбија да дозволат летови за испорака на системот низ нивните територии поради тензиите поради руската агресија врз Украина.