Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Извршниот директор на Таскфорце БПО ДОО, Ацо Додовски, денес го потпишаа договорот за заедничко вложување, управување и соработка во Кошаркарскиот клуб „Пелистер“ од Битола, соопштија од Општина Битола.
Во информацијата се вели дека со овој договор Таскфорце БПО ДОО се обврзува во следните три сезони да биде генерален покровител на Клубот и да ги исполнува условите од член 3 од договорот, додека општината останува 100 процентен сопственик на клубот и потребно е да постапува согласно договорените обврски.
На потпишувањето на договорот претходеше едногласна поддршка од страна на Советот на општина Битола, велат од Општината.













