ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВИЌ ЗА ДОБИТОЧНИОТ ФОНД ВО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА

Конечно се огласи претседателот на локалната СДС и истовремено директор на Затворот, господинот Драган Крајовски, рече на прес конференција Виолета Ковачевиќ, член на ИК на УЖ на ВМРО ДПМНЕ. 

„Ама, тоа што одлучил да чита лошо напишани пресови, не е ниту наша грижа, ниту пак Ваша.

Станува збор за сопствена одлука по лична проценка, се разбира во рамките на индивидуалните можности.

Убаво што се огласи, ама ништо не демантираше, туку само го потврди хаосот во сериозната институција што тој ја води.

Денес имаме уште неколку прашања до директорот Крајовски.

Еве, за почеток, нека се осврне и убаво нека види каде се наоѓа за да провери и да им одговори на граѓаните во каква состојба е добиточниот фонд во затворската економија, ако сеуште има останато некое живо грло, од претходните 250?

Следно, Колку ДЕНЕС, од огромната земјоделски обработлива површина, учествува во доходот или во намалувањето на трошоците за храна во институцијата, во овие тешки времиња на екстремна економска криза?

Го прашуваме и дали знае дека за предизвикување еколошка катастрофа и општа опасност по граѓаните и нивното здравје, се одговара пред институциите, а најмногу пред јавноста и граѓаните?

И, конечно, клучното прашање : Дали заради очајната состојба и хаос во Затворот, господине Крајовски, сте во вистинска внатрепартиска борба да ја промените директорската позиција во друга институција?

Господине Крајовски, битолчани ги заслужуваат бараните одговори“ рече Ковачевиќ.