Премиерот Димитар Ковачевски, денеска во Вилнус, на првиот ден од Самитот на НАТО усчествува на првата сесија на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади.
Во владината делегација што ја предводи премиерот Ковачевски се министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за надворени работи, Бујар Османи. На првата сесија земаа учество 31 земјa членки на НАТО.
Во фокусот на агендата на првата сесија од Самиотот е зајакнувањето на колективната одбрана со регионални планови и постојана подготвеност за брзи одговори преку копно, вода и воздух. Политиката на одвраќање ќе биде пофокусирана, со надополнување на воените и одбранбени политики.
Една од главните теми на сесијата е продолжувањето на инвестициите во одбраната и новата Заложба за инвестиции од одбраната, со договор тоа да биде најмалку од 2% БДП, а во исто време најмалку 20% да бидат наменети за модернизација.
Заложбата е потребна за да се зајакнат капацитетите за одбрана, вклучително и растечки сајбер и хибридни закани, но и да се справиме со други предизвици како тероризмот или злоупотреба на нови технологии.

















