Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски синоќа од трибината во Битола ги отфрли обвинувањата на битолската ВМРО ДПМНЕ за како што беше речено затворање на РЕК Битола.
„Многу скоро ќе започне со работа и третиот блок во РЕК Битола, а во функција се работи за ставање во работа и на рудникот Живојно со кој што ќе се обезбеди продолжен век на работење на РЕК Битола. И нека не ве залажуваат од опозицијата, се што кажаа до сега се излажаа. Ниту некој планира да го затвора РЕК Битола, ниту некој планира да го затвора РЕК Осломеј. Во РЕК Битола работат 3000 граѓани на Битола, најголемиот дел директно во РЕК Битола, помал дел во компании кои што се договорни страни на компанијата. Никој не планира нив да ги остави без работа, меѓутоа државата планира, тој рудаско – енергетски комбинат да го усовремени, да воведи во него нови енергенси, да ги подобри условите за работа, за да можат и работниците да ги задржат своите работни места меѓутоа и да имаме почисто призводство на електрична енергија и да имаме работа за стручен енергетски кадар кој што ќе дојде тука од Битола во идните генерации“ рече Ковачевски.












