Јавните комунални претпријатија во градот ги почитуваат препораките на Владата за прилагодување на работните процеси поради високите температури и топлина. Специфичните возрасни категории и трудниците се ослободени од рбаотните обврски, а некои од претпријатијата имаат дежурни екипи достапни за потребите на граѓаните.
Согласно препораките на Владата , Општината и Комуналните претпријатија во градот ги почитуваат препораките на Владата и специфичните категории граѓани – трудници, хронично болни и лица над 60 години се ослободени од активностите.

Општина Битола информира дека сите градежни работи што ги изведува се реализираат според препораките. Така на една од локациите на кои се работи, спортските игралишта кај основното училиште „Елипда Караманди“ работниците ги продолжуваат активностите од 17.00часот до ноќните часови.
ЈКП Комуналец информира дека секторот Комунална Хигиена ќе работи во две смени, од од 06:00 до 11:00 часот претпладне и од 17:00 часот попладне. Со овај режим ќе се заштити здравјето на вработените кои работат тешки физички работи на отворено. Поради тоа ЈП Комуналец ги замолува граѓаните за трпение и разбирање во наредните неколку денови се до завршувањето на препораките и намалување на температурата. Со цел намалување на влијанието од топлотниот бран ЈП Комуналец покрај тековните активности во доцните ноќни часови во неколку наврати врши миење на улиците во централното градско подрачје.

ЈКП Водовод ги продолжи активностите на контролните тимови кои следат дали има неконтролирано користење на водата. А поради природата на работата – водоснабдување на територијата на општината, во ова комунално претпријатие има дежурни екипи кои се постојано достапни за потребите на населението за евентуални тековни санации на дефекти. Ослободени се од обврски сите специфични категории работници, а работното време на службите е од 7.00 до 15.00 часот. Двосменски се работи на редовните инсталациони активности што ги спроведува претпријатието и во процесот на подготовка на питката вода.
ЈКП Нискоградба денеска информира дека нивната г
радежна оператива функционира според препораките, од 6.00 до 11.00 часот во прва смена, а службите го имаат вообичаеното работно време, освен трудниците, хронично болните и лицата над 60 години кои се ослободени од работните обврски. И тие имаат екипи кои пружаат помош на другите јавни комунални претпријатија во случаи на итност и неодложност.

Инаку, трите комунални претпријатија информираат дека заедничниот наплатен центар работи според препораките во однос на ангажираните лица, но и дека нема промени во работното време – од понеделник до петок од 7.00ч до 19.00ч, а во сабота од 7.00часот до 13.00часот.
Доколку топлото време ве оневозможува и во плаќањето на сметките, комуналните претпријатија потсетуваат дека сите ја имаат можноста за електронско плаќање на сметките. ЈКП Нискоградба пак единствена на својата платформа за електронско плаќање ја дава и можноста да се регистрирате и за електронска достава на сметки.












